Израелскиот премиер ги изненади сите- поддржа идеја за палестинска држава

22.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелскиот премиер ги изненади сите- поддржа идеја за палестинска држава

Изјавите на Лапид на Генералното собрание на Обединетите нации доаѓаат откако израелските лидери со години избегнуваа какво било спомнување на ова прашање во ОН.

„Договорот со Палестинците, заснован на две држави за два народа, е вистинската работа за безбедноста на Израел, за израелската економија и за иднината на нашите деца“, рече Лапид.

Тој додаде дека договорот ќе биде возможен само под услов тоа да биде мирна палестинска држава која нема да му се заканува на Израел.

За време на неговата посета на Израел во јули, американскиот претседател Џо Бајден го поддржа решението за две држави.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата