Во тоа одлучил да се увери и познатиот Тиктокер Уптин Саиди, спроведувајќи интересен експеримент.
Поранешниот новинар на „CNBC“, Јутјубер и инфлуенсер на своите профили споделува интересни и едукативни содржини за технологија, пари и странски култури.
Неговите објави ги следат милиони, а неодамна повторно стана вирален, споделувајќи интересен експеримент кој настанал во една од најбезбедните земји во светот. Станува збор за Сингапур.
Уптин одлучил својот лаптоп да го остави на маса во кафуле во Сингапур и да оди на ручек, сакајќи да провери дали ќе го затекне таму кога ќе се врати. Видеото кое трае речиси една минута на ТикТок има над 22 милиони прегледи.
„Оваа земја ја има една од најниските стапки на криминал во светот. Затоа, денеска ќе го оставам мојот лаптоп во случајно одбран Старбакс на еден час, без да кажам на никого да внимава на него“, објаснил Уптин.
Потоа, тој објаснил како Сингапур успеал да го „елиминира“ криминалот, споменувајќи дека еднаш достигнал низа од 250 дена во која не е забележана ниту еден вообичаен вид криминал.
„Тоа значи дека на никого не му бил украден телефонот повеќе од 8 месеци во целата земја“, додал Саиди.
На крајот на видеото, откако Уптин се вратил од ручек во трговскиот центар во близина, неговиот лаптоп го дочекал на истото место.
Снимката предизвика бројни позитивни реакции кај луѓето, но некои се сложиле дека истото не е случај со нивната земја.
„Во Лондон ќе ти украдат се и да останеш да седиш покрај лаптопот“, „Во Јужна Америка ќе ти го земат лаптопот, и камерата, и микрофонот, и ТикТок профилот, и презимето“, „Во Берлин, лаптопот за 10 минути ќе се најде на 'eBay'“, се дел од шеговитите коментари под објавата.
Поранешниот новинар на „CNBC“ открил три причини за ниската стапка на криминал во Сингапур. Првата од нив е тоа што „почитта и искреноста се голем дел од културата таму“, втората е дека „основните потреби во земјата се задоволени“, така што луѓето не прибегнуваат кон криминал и третата е надзорот кој е на завидно ниво.
„Насекаде има камери кои штитат од криминал, а последиците од кражби се навистина големи“, објаснил Уптин и додал дека провалата во дом и кражба во Сингапур, покрај парична, подразбираат и затворска казна до 10 години.
Во коментари се јавиле поединечни корисници за кои се верува дека се Сингапурци, кои му порачале на Уптин дека нивната земја не е толку сигурна и дека тој само имал среќа.
Ова не е првпат Јутјуберот да сними вакво видео - сличен експеримент спроведе и во 2018 година, оставајќи мобилен телефон, лаптоп и паричник во еден ресторан.