Работниците истовариле камион со 130 тони домати на главната улица во источниот град Бунјол, а по битката со домати целото подрачје останало покриено со црвен сок.
На фестивалот Томатина учествуваат околу 20.000 луѓе, а влезницата чини 12 евра. Градските улици се мијат со шмркови неколку минути по завршувањето на едночасовните "борби".
Оваа манифестација се одвива во последната среда во август, а инспирирана е од борби во кои локални деца се гаѓале со храна во 1945-та. Регионот е познат по производството на домати. Медиумското внимание придонело овој настан во текот на 80-тите да стане национален и меѓународен собир на кој денес доаѓаат посетители од целиот свет.
Локалните службеници соопштиле дека очекуваат помалку странски посетители оваа година, најмногу поради тоа што и натаму постои страв од ковид во азиските земји.