Комплексноста на правење анализи и споредби на Ф1 возачите од различни епохи, очигледно е проблем со години. Сепак, во Формула 1 најдоа интересна соработка со компанијата Амазон и изготвија алгоритам за да дојдат до сознание кој е најбрзиот возач кој возел во најсилното автомобилистичко натпреварување од 1983-тата, до денес.
Алгоритмот ги елиминира разликите меѓу болидите, за да произведе резултати што е можно по реални, во кои, според Ф1, доминира „чистата брзина“. Откако се направени анализи на податоците на возачите во квалификациите, споредувајќи ги со другите возачи, резултатите покажаа дека бразилскиот возач Аиртон Сена е најбрзиот во историјата на Формула 1.
Веднаш зад него е Михаел Шумахер, а ТОП 3 листата ја заокружува актуелниот и повеќекратен шампион, Луис Хамилтон.
„Важно е да се напомене дека чистата брзина е единствениот елемент што го гледаме овде, за да ги одредиме најбрзите возачи во историјата“, објаснува Роб Смедли, директор на системот за статистика во Формула 1.
Според веб-страницата Ф1, „машинскиот софтвер на AWS ги следел табелите за време на секоја квалификациска сесија од 1983 година до денеска, со што ги елиминирал оддалеченоста и ги нормализирал податоците за да се создаде комплексна мрежа на перформанси на возачите во однос на нивните конкуренти. Покрај тоа, земени се во предвид низа основни услови за да може да се елаборира рангирањето: „Возачите требаше да имаат завршено најмалку пет сесии за класификација, пред да се споредат. Земена е во предвид и возраста на возачот“, велат од Ф1.
Листата на 10 најбрзи возачи, алгоритмот ја структирираше на следниот начин:
- Аиртон Сена
- Михаел Шумахер, +0,114 секунди
- Луис Хамилтон,+0,275 секунди
- Макс Верстапен, +0,280 секунди
- Фернандо Алонсо , +0,309 секунди
- Нико Розберг, +0,370 секунди
- Чарлс Леклер, +0,376 секунди
- Хајки Ковалаинен, +0,378 секунди
- Арно Трули, +0,409 секунди
- Себастијан Фетел, +0,435 секунди