И дефинитивно, Велко Маркоски ќе го пропушти престојното Европско првенство. Тоа е тежок удар за нашата репрезентација, и за селекторот Данило Брестовац кој остана без главниот „командат“ во одбраната.

Маркоски го повреди окото на пријателскиот меч со Словенија, откако доби удар, и според лекарите, ќе мора да мирува 2-3 недели, односно до крајот на месецов.