Дански политичар води кампања за избори на „Порнхуб“ 

16.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дански политичар води кампања за избори на „Порнхуб“ 

Данскиот политичар Јоаким Б. Олсен, одлучил неколку месеци пред изборите, својата кампања да ја промовира на порносајтот „Порнхуб“. „Да тоа сум јас на ‘Порнхуб’“, напиша Јоаким на „Фејсбук“.

Јоаким е поранешен олимписки вицешампион во фрлање кугли и е член на Либералната aлијанса на десниот центар од 2011 година. Тој во рекламата се појавува во костум и со слоган со кој порачува сите посетители на сајтот  да гласаат за Јок (Јок е неговиот прекар).

„Нема граници колку далеку би отишол за нацијата. Ако тоа вклучува и реклама на „Порнхуб“ за да го тргнам Расмус Палудан (неговиот ривал) од странските медиуми, ќе се жртвувам за тоа“, рече Јоаким.

Тој додаде дека мора да бидете таму каде што се гласачите и објасни дека 95 отсто од неговата кампања е сериозна и дека има простор за малку забава.

Изборите за данскиот парламент ќе се одржат на 5 јуни.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата