Екс менаџерот на Челзи Аврам Грант, ја коментираше изминатата сезона од аспект на клубот од “Стемфорд Бриџ“. Тој веднаш посочи дека Френк Лампард прави одлична работа со екипата, но сепак малку го “пецна“.
„Сезоната е добра,посебно ако се знае како се изгледаше на почетокот. Пласманот во ЛШ е добра работа, но кога се тука очекувањата на Роман Абрамович јас има нешто да кажам. Јас да му кажев дека четвртото место на табелата е добра работа, сигурно ќе ме пратеше во Сибир, но за Френк ова е големо достигнување. Па тој за првпат води екипа во Премиер лигата. Мислам дека е создадена добра база за во иднина“ истакна Грант.