Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.
Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува
црквата на овој ден.
Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.
Верниците сведочат за чудото што секоја година се случува во реката Јордан, а тоа е што по фрлањето на крстот и освестувањето на водата, реката почнува да тече во спротивен правец.