Атлетико ја „растури“ Валенсија и ја зголеми серијата без пораз од оваа екипа

18.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Атлетико ја „растури“ Валенсија и ја зголеми серијата без пораз од оваа екипа

Атлетико Мадрид забележа убедлива победа над Валенсија во Ла Лига. „Јорганџиите“ славеа на својот „Метрополитано“ со 3:0 со што ја зголемија серијата на успешни резултати против оваа екипа. Сега 17 меча се без пораз од „лилјаците“ (11 победи и шест ремија).

Антоан Гризман го отвори резултатот во 23 минута после одличното додавање на Љоренте во противничкиот шеснаесетник. На Валенсија и беше поништен гол поради прекршок во напад. Само што почна второто полувреме Јаник Караско зголеми на 2:0, а во 67 минута на нафрлување на Мората со глава Тома Лемар ја затресе мрежата на гостите за конечни 3:0.

Атлетико Мадрид има 51 бод на третата позиција, пет помалку од вториот Реал Мадрид кој има меч помалку, а шест повеќе од четвртиот Сосиедад кој исто така има меч помалку. Валенсија е на 17-тата позиција со 26 бода, исто колку и Хетафе кој е прв под опасната зона со меч помалку.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата