Потпретседателот на ДУИ и пратеник Артан Груби, објави фотографии од кои се гледа дека тој ја предводи прославата на навивачката група ,,Шверцери“ во новиот објект на МНТ.
Тој на фотографиите прави селфи, скандира и ги бодри навивачите, кои славејќи 30 години постоење во петокот направија голема штета на инвентарот во МНТ.



