Александар Стојанов назначен за координатор на фудбалската школа на ФК Академија Пандев – Струмица.

Стојанов е повеќегодишен тренер во клубот од кој во минатите две години работеше како асистент во стручниот штаб на сениорскиот тим на Академија Пандев. Тој е тренер од новата генерација на тренери кои се во процедура за стекнување со УЕФА ПРО лиценца.

„Му посакуваме успех и среќа во извршувањето на новата функција.“, велат од Академија Пандев.