Ислам Абази и Али Ахмети не се во блиски односи но се соселани и се познаваат од родното место Зајас. Така тврди новиот шеф на ОЈО ГОКК. Не е сигурен дали се среќавал со Ахмети, но и да било така не гледа проблем во дружењето со функционери.
Никогаш не сум бил или пак сум член на некоја политичка партија. Ниту пак во моето досегашно работење сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија. Не е проблем дури и да се дружам со некој функционер, доколку тој не е дел од некоја истрага изјави Абази
Абази кој за македонската јавност е тотален анонимус вели има визија како ќе раководи, но не ја открива својата програма.
Нема коментар зошто до сега немало обвинение против некој висок функционер од редовите на ДУИ. Не знае ни дали ќе ги продолжи предметите кои до сега ги работеше неговата претходничка Русковска за случаите БЕСА ТРАНС, Финансова полиција.
На првото јавно обраќање рече дека иако немал програма како ќе раководи со ова обвинителство е задоволен што 66 негови колеги од цела држава го препознале неговиот квалитет. Абази до сега не се занимавал со предмети за организиран криминал и корупција, само во два случаи но од понизок степен.
Има само 35 пресуди и судски одлуки, тужел за исплата на дневници во обвинителството. Од поголемите предмети како виш обвинител се спротиставил на тужба за двајца осудени за убиство кои добиле 40 г затворски казни.