30 дена притвор за Јахи Јахиу

10.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
30 дена притвор за Јахи Јахиу

На државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахиу одреден му е 30-дневен притвор поради опасност од бегство и повторување на делото пренесува 24.мк. Тој е обвинет дека наместил тендер вреден 1,1 милион евра.

Доверливите тендерски информации државниот секретар ги наплатил речиси 38 000 евра. Јахиу пред да биде доделен ИПА проект вреден 1,2 милиони евра со уште една колешка – раководителка, детално ги информирале заинтересираните фирми кои потоа го добиле тендерот, велат од обвинителството.

„Постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд во Скопје, го уважи предлогот на Обвнителството и му определи 30-дневен притвор на осомничениот Ј. Ј. вработен во МИОА, по член 165, став 1 и 3 од Законот за кривичната постапка“, велат од Кривичниот суд

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата