СДСМ се откажа од изборите на 21 јуни, ИЗБОРИ НА 5 ЈУЛИ?!

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ се откажа од изборите на 21 јуни, ИЗБОРИ НА 5 ЈУЛИ?!

СДСМ се откажа од изборите на 21 јуни, нов датум го нуди 5 јули.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера телефонски разговарал со политичките лидери и партнерите во владата за 5 јули да биде последниот предлог како датум за избори.

Тоа се 35 дена за подготовка на изборниот процес.

Во врска со правните дилеми за тоа како ќе биде поставен новиот датум, Алсат дознава дека претседателот на собранието ќе ја смени одлуката за избори на 12 април со договорениот датум, преку промена и дополнување на административниот документ.

Вонредната состојба која истекува на 30-ти мај нема да продолжи. Владата ќе се врати во технички формат, но, важно е датумот на изборите да се одреди пред 30-ти мај, со цел да започнат роковите за избори од 31-ви мај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата