Рама прецизно: Ќе ги отвориме копнените граници со соседите за СИТЕ АЛБАНЦИ (ПРЕВОД+ВИДЕО)

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рама прецизно: Ќе ги отвориме копнените граници со соседите за СИТЕ АЛБАНЦИ (ПРЕВОД+ВИДЕО)

Претставници на СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ реагирала на лажна веста која дојде од Тирана а според која влез во оваа земја ќе биде обезбедена само за Албанците од Македонија, Црна Гора и Косово.

“Веста дека Албанија од 1 јуни ја отвара границата со Северна Македонија само за Алабанците од нашата земја е ЛАЖНА. Границата ќе се отвори за сите граѓани од нашата земја! П.С ВМРО како по обичај се истрчува со реакција на fake news…”, пишува потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

Сепак преводот на изјавата на Рама гласи:

„Ние сме подготвени да го отвориме теренот, но мора да добиеме одобрение од земјите со кои имаме договори за директен воздушен транспорт. Ако не се согласиме, тие нема да бидат отворени со нас. Шенген зоната до 15 јуни е затворена, а границите меѓу земјите се затворени во моментот. Вирусот не избега, тој е меѓу нас. И опасноста од нов бран е реална. Почнувајќи од понеделник, 1 јуни, ќе ги отвориме копнените граници со соседите за сите Албанци, без разлика дали имаат пасош од Албанија, Косово или Северна Македонија, ги повикуваме да бидат внимателни “, рече тој, а ја пренесоа сите албански медиуми во регионот.

Видеото кое го објави ТВ Сител потврдува дека Рама зборува само за Албанците со пасоши на трите соседни земји.

 

На оваа изјава на Еди Рама, веднаш реагираше Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Неговата реакција прочитајте ја во целост:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата