На 23.05.2020 во 23.40 часот од ул.10 во с.Сингелиќ, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(29) од с.Сингелиќ поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело„предвизвикување општа опасност“.

На 23.05.2020 во 17,47 часот О.И.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје во близина на новиот дел после подвозникот во близина на Земјоделски институт од патничко моторно возило “фолксваген пајтон“ и патничко моторно возило “ауди 4“ во кои биле четири непознати лица со автоматско оружје и пиштоли пукале кон застанато возило, а потоа и кон пријавителот, С.Х.(29) и Р.Х.(58) кои биле на плац во нивна сопственост.

По кажување на пријавителот истиот во напаѓачите ги препознал Д.Ј. и А.М. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што биле пронајдени и подигнати за вештачење околу 20 чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Најчитани вести