Милионерот Глен Темплин ја изведе најлудата фудбалска трансакција, откако оваа недела стана сопственик на членот на осмата англиска дивизија Ромфорд, а во истиот ден, го отпушти тренерот и сам се назначи за нов тренер на тимот.

Темплин самиот се пофали на Твитер, во исто време објавувајќи дека ќе изгради нов стадион за Ромфорд и ќе го донесе клубот во Фудбалската лига (организација која ги обединува Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2). Ромфорд е со седиште во истоимената област во источен Лондон, а минатата година клубот го зазеде претпоследното место во осмата лига.

За да биде уште по значајно, Темплин во истиот ден објави дека потпишал договори со 15 нови играчи.

„Фокусирани сме да избегаме од последното место на табелата и да оствариме место во плеј-офот. Искрено верувам дека можеме да одиме напред“, напишал на Твитер.

Тој се пофали дека потрошил 3 милиони фунти за тимот. Темплин има 47 години и е сопственик на металуршката компанија AGP Steel. Интересно е што Темплин веднаш ги поканил поранешните фудбалери на Ливерпул, Пол Кончески и Џермејн Пенант да му се приклучат во Ромфорд.