Телма дознава: Кај кои фирми легнале парите од државна помош за исплата на плати од 14.500 денари?

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Телма дознава: Кај кои фирми легнале парите од државна помош за исплата на плати од 14.500 денари?

Компании на доскорешни владини функционери, приватни болници, обложувалници, казина, странски инвеститори, приватни училишта и универзитети, медиуми, винарски визби, текстилни фабрики, дури и религиски заедници.

Телма дојде до листата на фирми кои добиле финансиска помош од државата за исплата на априлската плата од 14.500 денари за справување со последиците од Ковид 19.

Државни пари – околу 106.000 евра легнале на сметката на Брако од Велес, каде што се врати поранешниот вицепремир Кочо Анѓушев откако одлучи да се посвети на бизнисот наместо на политиката.

На листата со фирми кои имале големи исплати е и Аџибадем Систина на Орце Камчев која добила 142.000 евра. Меѓу компаниите кои земале по над 100.000 евра се многу обложувалници и казина.

Така Спорт лајф е во првите пет компании кои добиле најмногу пари, дури 183.000 евра. Делта Бет пак добила над 132.000 евра, Сенатор 131.000 евра, а на сметката на Принцес хотел и казино од Гевгелија легнале речиси 120.000 евра.

Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола добил нешто под 100.000 евра за исплата на априлските плати. 

Целиот текст можете да го прочитате на Телма

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата