Шпанскиот возач во Формула 1 Карлос Сајнц оваа сезона ќе се обиде да даде максимум за Мекларен, пред да премине во Феради. Како што е познато Сајнц потпиша двегодишен договор со Скудерија до 2021 година и ќе вози заедно со Шарл Леклер.

Ако некој ми кажеше дека ќе возам за Торо Росо, а потоа за Рено и Мекларен, а една година подоцна ќе потпишам за Ферари ќе го наречев лудак“, изјави Леклер.

Постојано учам нешто ново во овој спорт. Ф1 н è изненадува, и со добро и со лошо и треба да си подготвен за се.  Треба да се фокусирате на работите што можете да ги контролирате, да дадете максимум од себе и да се надевате дека сè ќе работи.

Разбирам дека има луѓе кои сакаат да ме видат како освојувам подиуми со црвениот тим, да победат што е можно побрзо, но сакам да ги правам работите како што треба. Останувам цела сезона со Мекларен и сакам да направам најдобро што можам со тимот. Јас сум крајно благодарен на тимот, приврзан сум на тамошните луѓе и моја желба е навистина да завршам на ниво нашата заедничка работа. Договорот со Ферари го ставам во фиока. На тоа ќе мислам откако ќе заврши оваа“, изјави Сајнц.