По долгата пауза поради коронавирусот, попладнево го видовме и првиот официјален меч во Унгарија. Унгарската НБ 1 лига се врати со големото дерби меѓу Ференцварош и Дебрецин, меч кој практично е од 1. коло на шампионатот, но беше одложен и досега не беше одигран. Токму затоа со него Унгарците одчучија да ја продолжат сезоната, која официјалното враќање ќе го има со дуелите закажани за следниот викенд.

Дербито денеска тргна со многу подобра игра на гостите, кои и први успеаја да погодат. Со голот на Боди во 13. минута Дебрецин дојде во водство од 1:0, по што следуваше притисок на домашните и израмнување во 21. минута со првиот гол на двојниот стрелец за домашните, Зигер.

Истиот фудбалер погоди со уште еден прекрасен гол во 42. минута и донесе пресврт и водство за домашните, кое Ференцварош го задржа до крајот за победа и лидерско место на табелата.


Standings provided by Sofascore LiveScore