Фудбалерите на Борусија (Д) и натаму продолжуваат во чекор да го следат лидерот Баерн (М) во продолжението од сезоната во Бундеслигата. На денешното гостување кај Волфсбург, избраниците на Лусиен Фавре обезбедија и 17. сезонска победа со која остануваат на бод зад лидерот. „Милионерите“ славеа со 2:0 на гостувањето на „Волфсваген Арената“ со по еден гол вод вете полувремиња.

На мечот во Волфсбург најдолго се чекаше на гол. Дури во 32. минута гостите успеаја да го најдфат патот до мрежата на домашните и тоа со една убава акција која ја започна Бранд, а ја заврши Гереиро. Претходно Халанд ја промаши топката, која за среќа дојде до Гереиро кој погоди за водство.

Во вториот дел гостите умешно ја чуваа предноста и ја чекаа својата шанса за гол за потврда на триумфот. Санчо повлече акција во 78. минута која на крајот со гол ја круниса Хакими.

 

Одлично расположениот Каи Хаверц денеска постигна два гола на мечот во Гладбах меѓу Борусија и Баер (Л). Уште по само 7 минути, „фармацевтите“ остварија водство и ја потврдија одличната форма во која се вратија по долгата пауза во првенството. Предноста ја чуваа се до почетните минути на вториот дел, кога Французинот Турам успеа да донесе радост кај домашните за израмнување на 1:1.

Баер (М) се врати во ритам и многу брзо успеа да ги консолидира редовите, притоа добивајќи удар од 11 метри. Хаверц и овој пат беше прецизен и успеа да го врати водството за својот тим. Со голот на Бендер во 81. минута, гостите само го потврдија триумфот.

 

ГЕРМАНИЈА – БУНДЕСЛИГА

27. КОЛО

Борусија (М) – Баер (Л) 1:3

Волфсбург – Борусија (Д) 0:2

Фрајбург – Вердер 0:1

Падерборн – Хофенхајм 1:1

Баерн (М) – Ајнтрахт (Ф)  18.30 ч.

Standings provided by Sofascore LiveScore