Ја запознал на фејсбук мислејќи дека ќе му биде животна сопатничка, без ниту грам сомнеж дека по 8 месеци ќе го ограби и ќе избега. Со ваков проблем се соочува 56-годишниот скопјанец Благојче Петревски, кој останал без своите 3 000 евра, пари кои наместо за исплата на семеен долг, завршиле во рацете на неговата љубовница. Таа заминала без трага и глас.

Но Благоја кој случајот го пријавил во МВР, вели дека не е единствениот измамен од 49-годишната прилепчанка, за која има сознанија дека на сличен начин успеала да извлече пари уште од 3ца мажи, од други градови.

Од МВР велат дека таа заработила кривична за кражба уште во 2014 година.

Во врска со Вашето барање, Ве известуваме дека во СВР Битола и ПС Прилеп дека против лицето Л.В. од Прилеп во 2014 година поднесена е една кривична пријава за кражба по член 235, став 1 од Кривичниот законик. Во нашите евиденции за други настани и пријави за лицето нема пријава.

Но, во билтенот на МВР, од пред две години стои уште една кривична пријава против женско лице со исти иницијали од Прилеп, која од своја вујна украла 84 000 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Л.В. (47) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 03.12.2017 година пријавената заедно со нејзината вујна Д.П. (82) од картичката на Д.П. извадиле 4.000 денари, по што пријавената ги зела парите и картичката. Потоа, во текот на декември 2017 година од картичката повлекла вкупно 80.000 денари, со што се стекнала со протвправна имотна корист од 84.000 денари.

И додека Благоја ги бара своите пари неговата поранешна партнерка слободно шета на улица. Тој и неговото семејство апелираат граѓаните да бидат внимателни, бидејќи не се знае кој ќе биде следната нејзина жртва. Благоја се надева дека надлежните нема да останат глуви за овој случај.

Најчитани вести