Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска даде зелено светло за враќање на Ла Лига, од 8 јуни. Санчез денеска и се обрати на нацијата за моменталната ситуација, а рестриктивните мерки во Шпанија се олеснуваат.

А неизвестоста околу фудбалот е решена. Санчез даде дозвола за продолжување на сезоната, па од јуни ќе гледаме и шпански фудбал.

Па така рестартот на сезоната ќе почне со големото дерби на Севиља помеѓу Бетис и Севиља. Инаку до пред паузата во Ла Лига беа одиграни 27 кола, Барселона е прва со 58 бодови, два бода повеќе од вториот Реал.