Фудбалерот на Тотенхем Серж Орие ќе биде казнет откако три пати го прекршил карантинот. Раководството на Тотенхем ќе го казни својот бек со дури 150.000 евра. Орие пред неколку денови на Инстаграм објави фотографија со својот фризер Џастин Кар, а претходно ги прекрши правилата за социјална дистанца откако беше фотографиран како трчи со пријател, а потоа тренирал со уште еден пријател.

Тотенхем му прости за првите два испади, но после третиот – НЕ!

Ова не е ни прв испад на Орие. Додека беше во ПСЖ беше казнет со 180.000 евра затоа што на социјалните мрежи ги вреѓаше соиграчите, а во мај 2016 беше казнет со условна затворска казна затоа што пред ноќен клуб во Париз удрил полицаец.