Идната недела почнува данскиот шампионат, а сега се играат пријателски натпревари. Копенхаген се соочи со Оденсе. Пет минути пред крајот на мечот, еден од играчите на Оденсе се повреди. Немале резервни играчи, па помошниот тренер Хенрик Хансен влезе во игра.

А се случи интересен момент. Хансен прими топка на шеснаесет метри и со прекрасен лоб удар го погоди противничкиот гол за реми 2:2. После таков гол, капитенот на Оденсе ја симна лентата и му ја стави на раката на Хансен.

Хансен има 40 години, а кариерата ја заврши пред пет години за да почне со тренерска кариера. Ја поминал целата кариера во Данска, од 2008 до 2011 играл за Оденсе. Тој има и четири настапи за младинската данска репрезентација.