(Видео) Илиеска: Со третиот сет на мерки, Владата планира еднократен поткуп на гласачи

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Илиеска: Со третиот сет на мерки, Владата планира еднократен поткуп на гласачи

Македонија е држава која најлошо се справува со коронавирусот од земјите во регионот, но и пошироко, изјави на прес-конференција Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече таа, Владата не презела навремени мерки за справување со последиците од кризата, а епилогот на тоа се 200 милиони евра дупка во буџетот за 4 месеци, стотици фирми во лоша состојба и илјадници граѓани на минималец.

„Економските мерки кои владата ги презема се задоцнети и не го опфаќаат месец март, месец во кој што почна кризата и во кој голем број на бизниси затворија, а како последица на тоа голем број на работници останаа без работа“, истакна Илиеска.

Таа посочи и дека со т.н. трет сет на мерки, Владата практично планира еднократен поткуп на гласачи во период пред избори.

„Мерките кои што громогласно ги ветуваат, нема да можат ниту да ги исплатат доколку се укине вонредната состојба на 30 мај, бидејќи од тој момент престанува на сила уредбата во која е суспендиран членот 8А од Изборниот законик. Помошта која што треба стопанството да ја добие во месец јуни, а се однесува за месец мај не може да ја добие доколку избори се случат во следните 60 дена започнувајќи од 31 мај завршувајќи на 31 јули“, констатираше претставничката на ВМРО-ДПМНЕ и оцени дека власта не планира како да им помогне на граѓаните, туку како да ги изманипулира.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата