(Видео) Димитров: Избори ведаш штом се создадат услови, за преговори со ЕУ потребна е легитимна Влада

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Димитров: Избори ведаш штом се создадат услови, за преговори со ЕУ потребна е легитимна Влада

За да можеме успешно да се справуваме со сите предизвици што не очекуваат, токму во функција на животот и на здравјето на граѓаните, е да имаме целосно функционални и легитимни институции, оцени Никола Димитров, носител на листата за Изборна единица 1 на коалицијата предводена од СДСМ, по денешната координативна средба со кандидатите за пратеници.

„Нашиот став е дека веднаш штом за тоа се исполнат законските и здравствените услови треба да ги одржиме одложените предвремени парламентарни избори“, истакна Димитров и нагласи дека ова е важно за да се зголеми капацитетот на државата и легитимноста на Владата, како и за да имаме функционално Собрание.

Тој потсети дека на земјава и претстојат пристапните преговори со Европската унија.

„Прифаќањето на Преговарачката рамка, којашто во првата половина на следниот месец ќе ја предложи Европската унија во Брисел, тој документ за нас ќе биде главната водилка во сите реформи во низа години во иднина. Важно е Владата да има политички мандат да го прифати тој документ и да го води тој важен процес. Затоа изборите во овој момент се решение, а не се проблем“, изјави Димитров.

Тој информираше дека разговарал со директорката на Канцеларијата за демократски институции и за човекови права на ОБСЕ и дека тие се подготвени да се вратат, повторно да се распоредат и да ги набљудуваат изборите, согласно стандардите што ќе ги бара актуелната состојба со пандемијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата