Спасовски: Влашката заедница секогаш била силен елемент во заедничката борба за слободa и државност

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спасовски: Влашката заедница секогаш била силен елемент во заедничката борба за слободa и државност

Премиерот, Оливер Спасовски, по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, во негово и во име на Владата, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница.

„Денеска го одбележуваме 23 Мај и ова е можност да оддадеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција. Влашката заедница секогаш била силен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност и државност“, се наведува во честитката на премиерот.

Тој воедно изразува благодарност за несебичниот придонес на влашката заедница во градењето на заедништвото и повикува низ толеранција, доверба и почитување да продолжи градењето на едно општество за сите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата