Иако во месец ноември ќе наполни 35 години, сепак, Александар Коларов српскиот интернационалец нема намера да сопре со активно играње. Напротив, соопшти дека и следната сезона ќе биде дел од тимот на Рома, и ќе ја пополни левата бековска позиција.

Тој влегува во последната година од актуелниот договор, и имаше опција да се пресели кај Синиша Михајловиќ во Болоња, но сепак, се одлучи да остане. Кога договорот ќе истече, Коларов има опција да го продолжи истиот или пак доколку се реши да се пензионира да добие работно место во самиот клуб.