Светскиот тенис во моментов како и се е во тотален застој. Дел од играчите полека се враќаат на терен почнуваат да тренираат но не се знае точно кога се ќе започне. Најави има, дека во текот на јуни тениските турнири ќе почнат да функционираат. Рафаел Надал на пример веќе објави дека почнал со тренинзи но не и Роџер Федерер.

Тој на видео разговорот со Густаво Куертен рече дека не тренира во моментов.

„Волку не сум седел дома уште од операцијата во 2016 година. Скоро пет недели. Ако ви кажам дека тренирам ќе ве излажам. Навистина во моментов сакам да одморам и да не се оптоварувам со ништо. Не тренирам и не мислам на тенис. Не сум мотивиран. Не ме засега едноставно играње пред празни трибини. Но, кога работите ќе дојдат на свое место и тоа како ќе бидам мотивиран и за тренирање и за играње и за освојување трофеи“ – вели Федерер.