РУСКИ ПСИХОЛОГ: Жена со диплома НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОМАЖИ ЗА МАЈСТОР!

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РУСКИ ПСИХОЛОГ: Жена со диплома НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОМАЖИ ЗА МАЈСТОР!

Михаил Литвак е еден од најпознатите руски психолози. Во разговор за сајтот „Еконет.ру“ сподели приказна од својата ординација и изјави дека образована жена не смее да се омажи за мајстор, односно маж кој интелектуално не може да ѝ парира.Каква приказна се крие зад реченицата зад која се крена прашина, прочитајте во продолжение:

Еден ден кај мене во ординација дојде Марија. Нејзиниот проблем беше тоа што не можела да најде маж за себе. Марија е образована и многу успешна директорка на една фирма. Зад себе има пропаднат брак и две, веќе возрасни ќерки. Во секој поглед таа е успешна жена, освен во љубовта. Марија сакала. Била лудо вљубена во својот сопруг, затоа и се омажила за него. Додека таа се еудцирала и чекорела напред, градејќи професионална кариера на која може да ѝ се позавиди, нејзиниот сопруг бил обичен работник во една компанија, со просечна плата. Немал желба за професионален напредок.

И додека кариерата на Марија се развивала, додека таа се движела кон врвот, тој станувал сè понезадоволен и нивниот брак тонел. Еден ден Марија отворено го прашала, што да прави за да го сочува нивниот брак.

Напушти ја работата и биди со семејството, било неговото барање.

Марија се согласила. Дала отказ и станала домаќинка, сè за да има мир во куќа. Меѓутоа, мир никако да дојде. Зошто? Мажот бил огорчен, ништо не му одговарало. Му пречела Марија која сега мирно седи дома. Сè го потсетувало на тоа дека таа успеала во животот, а тој не.

Со оглед на тоа дека ситуацијата во бракот не се поправала ни после неколку години, Марија одлучила да се разведе. Го остава мажот и почнува од почеток. Сама ги школува ќерките, кариерата ја враќа повторно, но и понатаму нема среќа во љубовта, што е и причината поради која одлучува да се обрати на психолог.

Еве во што беше нејзиниот проблем:

Ако вашиот парнер не расте и не се развива со вас, тогаш оставете го без двоумење. Не обидувајте се да го смените. Не губете време. Марија се жалеше на неправда, бидејќи мажите кои ѝ се допаѓале (успешни деловни луѓе), покрај себе имале жени домаќинки, без кариера и успех. Мажите пак, на кои Марија им се допаѓала најчесто биле женкари кои не доаѓале предвид. Мојот совет беше да гледа малку кон исклучително успешните деловни луѓе кои имаат исти интереси како нејзините. Ако доволно долго гледаш, ќе го најдеш тоа што го бараш.

Затоа жени – пишувајте докторски дисертации, „грабајте“ напред и никако не свртувајте се назад. Не гледајте во луѓе кои се под вас, тие само ќе ве влечат на дно. Ништо добро нема да излезе од тоа. Дури и ако сосема се смените и станете тоа што од вас се бара – ни тогаш нема да им чините.

Подобро да се биде сам, отколку во лошо друштво!“, објаснува психологот

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата