ТРГНАВ КОН СВЕТЛОТО, А ПОТОА МОРАВ ДА СКОКНАМ: Сведоштво на патник кој ја преживеал авионската несреќа

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРГНАВ КОН СВЕТЛОТО, А ПОТОА МОРАВ ДА СКОКНАМ: Сведоштво на патник кој ја преживеал авионската несреќа

Најмалку 80 лица загинаа кога авион на пакистанска национална компанија со 99 патници и членови на екипажот се сруши во петокот во населено место во Карачиј.

Засега се знае дека два патника преживеале, меѓу кои е и Зафар Масуд, претседател на Банката Пенџаба кој соопштил дека тој претрпел скршеници но дека е свесен и дека добро реагира.

Вториот преживеан е инженерот Мухамед Зубаир. Анадолија пренесува дека преживеале тројца патници, но дека не е прецизирано кој е третиот.

Зубаир рекол дека пилотот се обидел да слета кога накратко авионот го допрел дното, после што полетал. После 10 минути пилотот ги известил патниците дека ќе се обиде да слета повторно, а потоа авионот паднал при допир на пистата.

Сѐ што можев да видам околу себе беа оган и чад. Слушнав крици од сите страни. Деца и возрасни. Не видов луѓе, само ги слушав нивните крици“, раскажал.

Вели дека го откопчал сигурносниот појас и тргнал кон светлото, а потоа скокнал три метри.

Морав да скокнам надоле 3 метри за да дојдам на сигурно, додал.

Миран Јусуф, портпарол на Министерството за здравство, изјавил дека досега 66 тела се извлечени од местото на несреќата, не наведувајќи деа станува збор за патници или жители на населението каде што се срушил авионот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата