Една од жртвите во авионската несреќа е и познатата манекенка

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Една од жртвите во авионската несреќа е и познатата манекенка

Познатата манекенка Зара Абид (24) е меѓу 107-те патници на авионот на „Пакистан Интернешнл ерлајнс“ што се урна во најголемиот пакистански град Карачи.

Тамошниот „Експрес Трибјун“ тврди дека Зара навистина била на тој лет и дека ја нема на списокот преживеани. „Има три лица на списокот на преживеани“, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Меран Јусуф за изданието.

Првиот е директор на банката Пенџаб, вториот е човек по име Зубаир, кој се лекува во цивилната болница во Карачи, а третиот е жена по име Тахира, која моментално е хоспитализирана“, откри Јусуф.

Портпаролот на компанијата изјави дека пилотот изјавил дека има технички проблеми пред падот на авионот.

Инаку, Зара се најде на насловните страници на бројни списанија и соработуваше со добро познати брендови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата