Приведени 28 лица поради непочитување на полицискиот час

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приведени 28 лица поради непочитување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани прекршувања на мерките.

Во текот на изминатите 24 часа, на ниво на целата држава, полицискиот час го прекршиле 52 лица, при што приведени се 28, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

По однос на мерката за носење лична заштита на лице, полицијата регистрирала 205 прекршоци.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата