Стана ултра полуларен со "Gangam stajl" го освои светот со песната а потоа исчезна: Еве каде заврши после се познатиот Псај

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стана ултра полуларен со "Gangam stajl" го освои светот со песната а потоа исчезна: Еве каде заврши после се познатиот Псај

Ги сруши сите рекорди на интернет

Јужнокорејскиот пејач Псај или Парк Џеи-санг, долги години е на тамошната сцена, а откако ја објавил песната ''Gangnam styl" 2012. година, буквално ги срушил сите рекорди на интернет. Иако му предвидувале голема кариера, неговиот живот денеска е поинаков, но подеднакво интересен. Поточно, можеби денес станал баш она што за што пеел.

Хитот на Псај "Gangam stajl" објавен 15 јули 2012 година, до средината на декември на Јутјуб имал веќе милијарда прегледи. Ги рушил сите рекорди, и станал прв изведувач во свет на кого му тргнало од рака. Челните луѓе на Јутјуб тогаш изјавиле дека морале технички да го менуваат приказот на броеви на видеото и дека поради него проширен е дури на милијарда. До денес "Gangam style" собрал 3,6 милијарди прегледи.

Псај пред осум години е прогласен “крал на Јутјубери“, како што го нарекле медиумите, а на неговата популарност сите се чуделе. Ништо необично и чудно што во исто време се игрла играта од неговиот спот на сите журки ширум светот. Денес има своја фирма

Пред да стане планетарно популарен, пејачот го откриле локалните продуценти во Јужна Кореја. Со својата игра со која ги исмејувал тајкунските трендови им паднал во очи на многумина во 2000 година на корејската национална телевизија, а една година после тоа објавил дебитантски албум. Кариерата ја прекинал бидејќи морал да оди во војска, а се вратил во 2009 година.

До 2012 година работел интензивно на својата кариера со што станува еден од првите јужнокорејски изведувачи кои се пробиле на светската сцена. Со него започнува и Ки поп движење кое денеска е доста популарно во светот.

Сепак во 2013 година пејачот признал дека големата слава негативно влијаела на неговиот живот. Се свртел кон пиење, и рекол дека водката му е најдобар пријател и дека пие и кога е среќен и кога е тажен.

После синглот "Gangam stajl", една година подоцна ја објавил и песната "Gentleman", која исто така постигнала голема гледаност, но популарноста почнала да му паѓа.

Иако работел со Снуп Дог , Кети Пери и многу други ѕвезди полека исчезнал од светската сцена. После се се посветил на работа позади камерите.

Создал сопствена фирма, дискографска куќа P Nation каде што помага на бројни локални ѕвезди во пробивање на светскиот пазар. Како што и порано зборувал името Псај го одбрал поради зборот психо бидејќи се што правел му се чинело по малку лудо, па сакал и такво уметничко име.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата