Поранешниот македонски селектор Ивица Обрван, е еден од кандидатите за наследник на Веселин Вујовиќ на клупата на ППД Загреб.

Обрван е еден од тројцата меѓу кои ќе се одлучува, откако раководството на клубот одлучи дека нема да бараат решение од страна, туку тоа ќе биде домашно.

Покрај Обрван, кандидати се Ненад Кљаиќ и Ирфан Смаилагиќ. Исто така во комбинација е и Игор Вори.

Според информациите, Обрван испливува како најсериозен кандидат за испразнетото тренерско столче.

Обрван од 2010 до 2012 година беше на клупата на Загреб, а потоа три години седеше на селекторското место на Македонија. Последен ангажман му беше Шамбери.