На Клиниката за кардиохирургија направена првата трансплантација на срце од починат донор

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Клиниката за кардиохирургија направена првата трансплантација на срце од починат донор

На државната Клиниката за кардиохирургија синоќа беше изведена првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор.

Од Министерството за здравство информираат дека оперативниот зафат траел шест часа, а во 2 часот срцето било успешно трансплантирано во телото на 54 годишен пациент.

„Трансплантацијата е успешна. Ова е голем ден за нас. Посебен по многу нешта. Би сакале најпрво да се заблагодариме на семејството на донорот. Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моменти кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме им бескрајно благодарни. Тие се се хероите на оваа приказна. Би сакал да им се заблагодарам на лекарите од јавното и приватно здравство, медицинските сестри, координаторите и сите оние кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е огромен успех за македонското здравство“, порача министерот за здравство Венко Филипче.

Првата трансплантација на срце во координација со Министерот за здравство Венко Филипче ја започна и ја водеше Националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска.

Таа со својот тим болнички координтори – Билјана Андоновска, Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесирале пациентката во мозочна смрт и ги направиле сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

Двата бубрега од починатиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години биле на дијализа.

Од ресорното министерство покаснуваат дека пациентите кои ги добија органите биле избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање.

На експлантацијата на срцетп работеле докторите Марјан Шокаровски и Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, доктор Александар Николиќ од „Аџибадем Систина“.

Трансплантацијата на срцето ја работеле докторите Сашко Јовев и Жан Митрев заедно со доктор Васил Папестиев, доктор Марјан Шокаровски, доктор Ванѓел Здравески, доктор Кјутим Џелили, докторката Тања Анѓушева, доктор Никола Христов, докторката Стефанија Хаџиевска, докторката Надица Мехмедовиќ, докторката Весна Миташова, докторката Јасмина Илиевска, докторката Марија Гераковска и доктор Димче Славевски од „Аџибадем Систина“.

Во моментов на Клиниката за Урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководтсво на доктор Сашо Дохчев, доктор Александар Трифуновски, доктор Ставридис и доктор Јанчулев со тим лекари од клиниката.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата