Иако се наближува денот кога ќе има рестарт на сезоната 2019/20 во Премиер лигата, сепак претседателот на Ливерпул Том Вернер се “погрижи“ за студен туш за сите фудбалски фанови.

Имено тој не верува дека така скоро ќе може да се игра фудбал со публика.

“Ќе почекаме на тој момент кога сите ние кои го сакаме фудбалот ќе седиме еден до друг на трибините. Жалам што ова ќе го кажам, но фудбал со навивачи според мене тоа е многу далечна иднина. Сите ние сме во грозна ситуација, но јас се надевам дека еден ден ќе се открие вакцина за Ковид-19, и дури тогаш ќе можеме да се вратиме на трибините. Секако, сигурноста на сите нас во овој момент е најважна“ изјави Вернер.