Скратениот празничен карантин почнува утре во 11 часот и ќе трае се до вторник до 5 часот наутро.
Вака одлука вчера попладне донесе Владата.
Граѓаните ќе ги прославуваат Рамазан Бајрам и Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј. За Кирил и Методиј, ќе важи целосен полициски час, како за Велигден. За Рамазан Бајрам имаат слободно време до 11 наутро во недела, кога ќе завршат молитвите.
Денеска движењето за граѓаните ќе биде ограничено како и во работните денови - од 19 до 5 часот наредниот ден.