Хари и Вилијам повторно разговараат, ги обедини грижата за нивниот татко

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хари и Вилијам повторно разговараат, ги обедини грижата за нивниот татко

Тензиите меѓу браќата и војвотките веќе долго време се објавуваат во британските медиуми, а некои медиуми шпекулираат дека Меган (38) и Хари (35) отишле во Канада, а потоа во Соединетите Американски Држави за да избегаат од несогласувањата со Вилијам (37) и Кејт (38), кои не сакале да ја прифатат Меган.

Сепак, пандемијата на коронавирусот, разделбата и заедничката грижа за таткото Чарлс (70), кој се зарази и потоа оздраве од озлогласниот вирус, наводно го сториле своето.

„Ентертеинмент тунајт“ пишува дека браќата се смириле и одамна не биле толку блиски.

„Имаше големи расправии меѓу нив, но работите се подобрија и знам дека повторно се слушаат на телефон и преку видеоповици за семејните родендени и за слични пригоди и мислам дека болеста на принцот Чарлс ги натера повторно да почнат да зборуваат“, рече Кејти Никол, експерт за кралското семејство.

Таа додава дека на Хари почнал да му недостига домот и дека неговиот помлад брат не се приспособил целосно на животот во САД иако е задоволен од новодобиената слобода што тој и Меган ја уживаат надвор од обврските и одговорностите на кралското семејство, чија традиција ги ограничуваше.

„Мислам дека на двете страни им олесна кога престана оваа драма. Хари и Меган почнаа нов живот, а Вилијам и Кејт може да се вратат на стариот начин на живеење и да го живеат животот онака како што сакаат. Верувам дека сепак им недостиг Хари да биде во близина“, додаде таа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата