Марамата на Том Хенкс не му служи само како украс

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марамата на Том Хенкс не му служи само како украс

Легендарниот американски актер и продуцент Том Хенкс (63) е првата јавна личност што се зарази и оздраве од коронавирусот.

Тој детаљно зборуваше за своето искуство и се обидува да помогне да се најде вакцина против Ковид-19.

Сепак, Том Хенкс не остава ништо на случајноста, па затоа е сè уште внимателен. Ѕвездата на филмот „Форест Гамп“ го покри лицето со зелена марама додека се движеше низ улиците на Лос Анџелес.

Зелената марама одговараше на неговата удобна маица во иста боја и на темните панталони, а на нозете носеше кожени еспадрили во кафеава боја.

Оскаровецот и неговата сопруга, пејачката Рита Вилсон (63), која исто така беше заразена, донираа крв и крвна плазма за да придонесат во истражувањето за вакцина против коронавирусот кога им откриле дека имаат антитела.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата