Синсинати го ангажираше некогашниот бек на Манчестер Јунајтед Јап Стам за нов тренер, меѓутоа се избрукаа на претставувањето. Клубот бомбастично го претстави на социјалните мрежи, меѓутоа проблем е тоа што претставиле погрешен тренер.

Точно дека Јап Стам е новиот стратег на американскиот клуб, меѓутоа на фотографијата не е тој. На фотографијата е Тинус ван Туненбрук кој работи во младите категории на Ајакс. Многу личи на Јап Стам, Синсинати не примети, бруката падна и покрај тоа што бргу ја избришаа објавата.

Синсинати се извини и ја исправи грешката и прати точна објава.