Француската Лига 1 реши да го прекине шампионатот поради коронавирусот и да го прогласи Пари Сен Жермен за шампион, а истовремено Амиен и Тулуз кои беа на дното на табелата ќе испаднат од лигата иако има уште да се игра. Клубовите решија да ја тужат Лига 1 за оваа одлука затоа што сметаат дека е штетна, а им се придружи и Лион кој остана без ЛШ. Сите бараа да се поништи решението и да се прошири лигата.

Но францускиот суд ја отфрли нивната жалба што значи дека Амиен и Тулуз ќе одат во Лига 2, а од оваа лига ќе нема испаѓање и второлигашкото друштво ќе брои 22 членови од следната сезона.

„ЛФП сака да ве извести дека жалбите на Лион, Амиенс и Тулуз биле одбиени од судот во Париз. Судот посочи дека решенијата донесени од раководството на лигата на 30 април остануваат, а жалбата може да биде поднесена само во државниот суд“.