Текст посветен на Господин Ивица Боцевски амбасадор на Република Македонија во Бразил (ФБ статус на СПАСЕН МАКЕДОНЕЦ)

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Текст посветен на Господин Ивица Боцевски амбасадор на Република Македонија во Бразил (ФБ статус на СПАСЕН МАКЕДОНЕЦ)

Ивица Боцевски е македонски амбасадор во Бразил, македонско дипломатско преставништво кое министерството за надворешни работи смета дека е непотребно и трошок.

Но, и пред корона кризата, нашата дипломатија имаше голем успех токму преку оваа амбасада по неколку основи: отворање на јужно-американскиот пазар, заеднички сојузнички активности, а во корона кризата, токму нашиот амбасадор Ивица Боцевски спаси стотици граѓани од Македонија и Балканот, за што пишуват сите балкански медиуми. Последната реакција за спасувачката мисија на Боцевски, ви ја пренесуваме во целост. Коментарите под постот се исто така важни, прочитајте.

***** Текст посветен на Господин Ивица Боцевски амбасадор на Република Македонија во Бразил *****

Господинот Ивица Боцевски кој сите мои колеги морепловци од Македонија со право го нарекуваат, херој, најдобриот дипломат, величествениот амбасадор, нај верниот пријател и пред се добар човек кој дење-ноќе во последниве неколку месеци на нај пожртвуван начин ,ни ја даде неговата неизмерна помош и успеа или во наредниве неколку денови ќе успее да го врати и последниот од неколкуте стотина морепловци , кои со месеци беа заглавени на преку 100 патнички бродови и острови ширум светот.
Многумина од моите колеги морепловци кои сите заедно сме поврзани во групи на социјалните мрежи ќе кажат дека Господинот Боцевски заслужува да му се изгради споменик и да му се даде златен орден за заложбите и постигнатото, но јас лично мислам дека не постои начин на кој сите ние би можеле да му заблагодариме за сето тоа што тој го направи за нас.
Да се навратиме неколку месеци наназад, кога сите вработени на бродските компании ширум светот кои потекнуваат од повеќе од 100 држави, поради кризата настаната со КОВИД 19 престанаа со работа и беа оставени со месеци , заглавени на бродовите, немоќни да се вратат дома заради затворените аеродроми и пристаништа насекаде низ светов. Бродските компании од самиот почеток потфрлија во целокупната организација за навремено враќање во своите држави на своите вработени. Помеѓу нив се најдовме и неколку стотици Македонци кои имавме изгубена било каква надеж за враќање дома во догледно време. Во тој момент се појави тој , Господинот Ивица Боцевски да ни ја подаде неговата рака во најтешкиот момент. Тој со сите расположливи дипломатски контакти ширум светот, постојано правеше притисок со упатување на голем број протесни ноти до бродските компании како и нивните главни менаџери.
Еден од нив бев и јас, кој од 25ти Март до 5ти Мај бев заглавен на еден Бахамски приватен остров на бродската компанија Ројал Карибијан. Немоќта да се најде начин за да ме испратат дома, од страна на главните и одговорни луѓе на компанијата како и преголемото ангажирање на Господинот Боцевски придонесе до големи пофалби и честитки од страна на челните луѓе во компанијата. На истите нив не им беше јасно и никогаш нема да им биде јасно како еден амбасадор на држава е во директен контакт со мене и сите мои колеги морепловци од Македонија и лично се залага при изнаоѓањето начин да се помогне во најскоро време сите да се вратиме дома.
Господинот Боцевски најпрво формираше група преку една од социјалните мрежи каде што сите ние бевме поврзани меѓусебно и многу добро информирани во секое време за активностите на амбасадата и новите датуми за враќање дома како и идните планови и пречки на нашите компании. Искрено не ми беше јасно кога Господинот Боцевски одеше на спиење , бидејки деноноќно сите ние добивавме пораки и јавувања од него во врска со секакви информации за нашето враќање дома. Тој секојдневно работеше и сеуште работи за доброто на сите нас, мрепловци и други Македонски државјани заглавени во други држави.
Моето патување од Бахамите преку Флорида со приватен авион , потоа до Атланта па се до Парис , како и до самото пристигнување во Софија и до Македонската граница, па потоа и до местото каде што 14 дена бев во карантин, беше будно следено лично од Господинот Боцевски кој имаше директно вклучено и неколку други амбасади на Република Македонија во Вашингтон, Франција и Бугарија. Во теков на изминативе неколку месеци неговите залагања не престанаа дури ни за време на 14 дневниот карантин за мене и за моите колеги кои што бевме лично контактирани од него и на кои ни беше пружена и дополнителна помош и за време на престојот во карантинот.
Имаше дури и ситуации каде што на одредени пристаништа при слегување од бродот и упатувањето до аеродромот од каде што многумина требаше да летаат до своите држави , ние Македонците, благодарение на заложбите и навремено набавената документација од страна на Господинот Боцевски да бидеме пропуштени , а многумина Срби, Хрвати, Босанци , Романци и други беа вратени назад заради недоволната заинтересираност на нивните амбасадори, ....секоја чест Господине Боцевски🤝

После нашето враќање во државава покрај сите проблеми, забелешки и страдања кои ги имавме јас и останатите мои колеги морепловци,кои за некој беше и ќе остане голем кошмар , нема никогаш да заборавиме , но до некаде и ќе простиме и тоа највеќе заради Господинот Ивица Боцевски , бидејќи неговите резултати и постигнати успеси за враќањето на сите македонски морнари го фрлаат во сенка целото страдање и лошата организација од моментот на влезот во државава до самото завршување на 14 дневниот карантин.
После нашето враќање во државава покрај сите проблеми, забелешки и страдања кои ги имавме јас и останатите мои колеги морепловци, кои за некој беше и ќе остане голем кошмар , нема никогаш да заборавиме , но до некаде и ќе простиме и тоа највеќе заради Господинот Ивица Боцевски , бидејќи неговите резултати и постигнати успеси за враќањето на сите македонски морнари го фрлаат во сенка целото страдање и лошата организација од моментот на влезот во државава до самото завршување на 14 дневниот карантин.

Господине Боцевски , вие сте херој за сите нас и како таков ке останете засекогаш, искрена благодарност од сите морепловци и другите македонски граѓани кои се вратија безбедно во нашата држава благодарение на вас и вашите секојдневни заложби за сите нас. Господ да ве благослови !!!👏👏👏👍👍👍

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата