На денешниот состанок на Мексиканската МХ лига одлучено е првенството во Клаусура кое почна во јануари да биде поништено. Тие ја поништија и моменталната табела, па така за првпат ниту една екипа не доби шанса да го крене шампионскиот пехар во една сезона! Девет клубови од елитниот ранг ја поддржа идејата за поништување на првенството, а одлуката ја забрза и ситуацијата во Сантос Лагуна која пријави осум фудбалери заразени со коронавирусот.

Мексиканците до принудната пауза на 15 март одиграа десет кола, а на првото место беше Круз Азул кој одамна порача дека нема да ја прифати титулата на „зелена маса“.

Инаку Мексико е една од петте најпогодени држави со коронавирус со преку 60.000 заразени.