Почнува ноќниот живот, сплавовите, клубовите и свадбите..., оваа вест Србите ја дочекаа со радост. Но сепак постојат ограничувања. Бројот на граѓани кои можат да се соберат на јавно место во отворен или затворен простор е зголемен од 50 на двојно повеќе, што после повеќе време овозможува организирање на прослави, секако со примена на превентивните мерки за заштита од коронавирусот, како што се носење заштитни маски и ракавици.
Ова значи дека во соседството наскоро би можеле да се организираат и помали свадби, со до 100 гости, како и разни прослави, родендени, кршевки, а повеќето угостителски објекти, односно сплавови и ноќни клубови веќе најавија дека стартуваат со работа од почетокот на јуни.
Кај нас, за жал, иако неколку пати беше најавено олеснување на мерките и отворање на угостителските објекти се уште нема најава дека ќе може барем едно кафе да се испие на некоја од летните тераси во кафулињата.