Португалскиот тренер Жозе Мурињо се присети на реванш мечот помеѓу Барселона и Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите 2010 година. Барса бркаше негатива од 3:1 против Интер, а еден детаљ го одбележа мечот. Еден момент по кој остана запомнет овој двобој.

Се играше 28 минута на „Ноу Камп“, а во дуелот влегоа Тијаго Мота и Серхио Бускетс. Мота додека ја градеше топката и со рацете го фати Бускетс во пределот на вилицата. Играчот на Барселона се фрли на тревата симулирајќи удар, а судијата Франк де Блекере му покажа црвен картон на играчот на Интер.

Додека Мота го напушташе тревникот, Гвардиола го повика Ибрахимовиќ и му даваше нови инструкции. А во тој момент Мурињо му пријде на Пеп зад грб и нешто му дошепна.

Поминаа десет години, а Мурињо одлучи за „Газета дело спорт“ да открие што точно рекол.

Кога Бускетс се фрли на тревата како некој да го нокаутирал и кога судијата извади црвен картон, видов како од клупата на Барселона се радуваа и го славеа исклучувањето. Гвардиола веднаш го повика Ибрахимовиќ да му објасни како да се постави во игра 11 на 10. Му пријдов и му шепнав: „Немој претерано да славиш, уште ништо не е готово“.

Мурињо имаше одговор. Им нареди на фудбалерите да го „паркираат автобусот“ пред својот гол и да ја чуваат мрежата. Интер изгуби со 1:0 и се пласира во финалето (подоцна го освои и трофејот).