Дозволено е одржување конференции без ограничување на бројот на учесници

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дозволено е одржување конференции без ограничување на бројот на учесници

Владата денеска ги донесе измените и дополнувањата на протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции, според кој бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5 до 2 метри.

Од Владата соопштија дека и понатаму остануваат задолжителното носење заштитни маски на учесниците во текот на целиот настан, задолжителното обезбедување на средство за дезинфекција на рацете и на просториите, честото проветрување на просториите со задолжителни паузи, како и ограниченото групирање на присутните на не повеќе од пет лица со задолжително одржување на физичко растојание.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата