Некогашниот фудбалер и тренер на Хајдук, а и селектор на Хрватска Игор Штимац го пријавил својот син Лука за семејно насилство, пренесува „Слободна далмација“. Полицијата го привела Лука откако татко му Игор го пријавил за семејно насилство и реметење на јавниот ред и мир. До кавгата меѓу таткото и синот дошло вчера околу 19 часот.

Лука бил пијан и прво се расправал со татко си пред зградата во која живеат, а потоа и физички го нападнал. Ја нападнал и сестра си која пробала да ја смири ситуацијата.

Игор веднаш ја алармирал полицијата која го привела момчето кое се повредило во обидот да избега.