Фудбалерите и стручниот штаб на германски Ерцгебирге Ауе избегнаа сообраќајна несреќа на патот кон Нирнберг каде требаше да гостуваат на меч од Втората лига. На магистралата А72 пред клупскиот автобус се превртел автомобил, а тешка сообраќајна несреќа е избегната благодарение на присебноста на возачот на автобусот кој со брза реакција го запрел возилото, пишува германски „Билд“.

На автобусот искрешни се четири прозорци, а за среќа никој не е повреден.

„Ова сум го видел само во филмови или во Кобра 11. По несреќата се поделивме во два помали автобуси и го продолживме патот кон Нирнберг“, изјави тренерот Дирк Шустер.